Трошоците за живот во ноември повисоки за 1,2 отсто во однос на лани
Трошоците за живот во ноември годинава во однос на ноември лани бележат раст од 1,2 проценти, а во однос на октомври годинава намалување за 0,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според објавените податоци цените на мало во ноември годинава во однос на ноември лани се повисоки за 1,9 отсто, а во однос на октомври имаат пад од 0,5 отсто.
Намалување на индексите на трошоците на животот во ноември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 14,3 отсто, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6 отсто, маслото и маснотиите, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,8 отсто, млекото за 0,6 отсто, другите пекарски производи за 0,3 отсто, брашното и другите жита, јогуртот за 0,2 отсто.
Во ноември 2018 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај цврстите горива за 2,3 отсто, парамедицинските услуги за 2,1 отсто, обувките за еден отсто, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0,4 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0,2 отсто.