САД остануваат најголем продавач на оружје во светот
Соединетите држави остануваат светски лидери по продажба на оружје, додека Русија ја престигна Британија и е на второ место. Во годишниот извештај на Меѓународниот институт СИПРИ во Стокхолм се прецизира дека годишната продажба на оружје од американските компании е зголемена за 2 насто и изнесува над 222 милијарди долари. Русија пак има зголемување од 8,5 насто или скоро 38 милијарди долари.