Кривични пријави за незаконско исплаќање пари во министерството за локална сампоуправа
Управата за финансиска полиција до ОЈО поднесе кривична пријава против четири лица, меѓу кои двајца министри за локална самоуправа со иницијали Љ.Ш. и С.Ф. во периодот 2015 и 2017 година, државен советник за европски интеграции и одговорно лице за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија.
Според соопштението, од проект на ИПА фондовите, наменети за техничка помош на министерството за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија преку четири договори на незаконски начин биле исплатени парични средства за ангажирани вработени лица како експерти во вкупен износ од 2.198.243 денари или речиси 36 илјади евра. Парите, според финансиска полиција биле вратени на ИПА фондовите, со што е нанесена штета на Буџетот на Министерството за локална самоуправа.
Од 2014 до април 2016 година, министер за локална самоуправа е Љирим Шабани, негов наследник на функцијата беше Ширет Елези, а од јуни 2017 година актуелен министер е Сухејл Фазлиу.