Црна Гора го отвори претпоследното поглавје во преговорите со ЕУ
![Црна Гора го отвори претпоследното поглавје во преговорите со ЕУ](https://gdb.rferl.org/802C7944-58FD-4CC8-B7FE-F4A5C62BB0C1_w800_h450.jpg)
Црна Гора денеска во Брисел го отвори поглавјето 27 од преговорите со ЕУ, посветено на животната средина и климатските промени. Со тоа на земјата и останува само уште едно неотворено поглавје.
„Ова поглавје 27 е од најголема важност за сегашните и идните генерации и е поврзано за здравјето и квалитетот на живот, како и сo развојот на туризмот и на зелената економија во Црна Гора“, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан,
Црногроскиот министер за надворешни работи, Срѓан Дармановиќ потести дека Уставот на Црна Гора ја дефинира земјата како „еколошка“.