Пресуда за поранешниот личен адвокат на Трамп
Мајкл Коен, долгогодишен личен адвокат на претседателот Доналд Трамп треба да биде осуден откако се изјасни за виновен за даночни и банкарски измами, како и за обвиненија за финансирање на кампањата што потенцијално би можело да го инволвираат и Трамп. Денеска судот треба да реши дали Мајкл Коен ќе добие помала казна за овие кривични дела меѓу кои кои исто така е и лажењето на Конгресот во врска со претходните деловни односи на Трамп во Русија. Американските обвинители соопштија дека Коен не успеал целосно да соработува со истражителите и затоа бараат затворска казна. Случајот против Коен произлезе од истрагата што ја спроведува специјалниот советник Роберт Милер за врските на соработниците на Трамп со руски претставници.