Јункер го обвини Орбан за ширење дезинформации
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Брисел го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан за водење кампања со дезинформации за миграциите и излегувањето на Велика Британија од Европската унија.
Претседателот на Европската комисија рече дека некои премиери кои седат таму шират лажни вести, додавајќи дека кога Виктор Орбан ќе кажел дека Јункер е одговорен за Брегзитот, тоа била лажна вест.
Тој ова го кажа по самитот на ЕУ нагласувајќи дека унгарскиот премиер исто така ширел уште една дезинформација дека мигрантите се одговорни за Брегзит. Тема на самитот беше ширењето дезинформации.