Силни безбедносни мерки пред протестите во Париз
Илјадници француски полицајци денеска се распоредени во Париз пред очекуваните протести на движењето Жолти елеци. Бебедносните сили во опрема за сузбивање немири се распоредени во близина на централната железничка станица и по познатиот булевар Шанз елизе. Министрите ги повторија повиците за откажување на протестите откако четири лица беа убиени на божиќен маркет во Стразбург. Францускиот претседател Емануел Макрон побара смиреност и враќање на нормалното функционирање.