ЗНМ избира нов претседател
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска треба да добие нов претседател. За претседателското место во ЗНМ во трка се двајца кандидати – Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.
Покрај ова, денеска ЗНМ треба да избере и членови за Управниот и Надзорниот одбор и за Советот на честа. За членови во Управниот одбор биле пристигнати 29 кандидатури, за Надзорниот одбор шест, а за Советот на честа четири кандидатури.
Изборното собрание на ЗНМ почнува во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Досега функцијата претседател на ЗНМ во два мандата ја вршеше Насер Селмани. Здружениети е формирано 1946 година.