Тирана- Баша го поистовети Рама со Енвер Хоџа
Лидерот на најголемата албанска опозициска партија, Демократската партија, Љуљзим Баша, од денешното Нацонално собрание на партијата повика на отстранување на премиерот Еди Рама од власт со цел „ стопирање на пропаста на Албанија“.
Тој уште побара да се продолжи со обвинувањата и демаскирањата кон владата а повика сите албански граѓани да се придружат на студентските протести “кои се одржуваат насекаде во Албанија“
“Од денеска треба да бориме за промени, не за власт. Само така утре ќе имаме одговорна, демократска, транспарентна и мирољубива влада. Еди Рама ја донесе Албанија на работ на пропаста. Тој треба да си оди. По Енвер Хоџа, кој нанесе најголемо зло на Албанија, Рама е веднаш зад него, затоа само со негово заминување ќе ја спасиме земјата од целосен пропаст”, порача Баша.