Британската опозиција поднесе барање за недоверба на Тереза Меј
Шефот на британската опозиција во парламентот Џереми Корбин поднесе барање за недоверба на премиерката Тереза Меј откако таа одби да организира гласање за спогодбата за Брегзитот пред идниот месец. Владата е таа која решава за дебатите во парламентот, како и за гласањето за недоверба. Ако владата го одбие барањето тогаш Корбин може да поднесе барање за недоверба на целата влада што би можело да доведе до нови избори. Парламентот во минатата недела требаше да гласа за договорот за Брегзит што Меј го постигна со лидерите на ЕУ, но го одложи гласањето откако стана јасно дека мнозинството пратеници ќе бидат против тоа.