Папата Франциск – Неприфатливо е мигрантите да се обвинуваат за зло
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск денеска изјави дека политичките говори во кои се зборува против мигрантите и сиромашните се „неприфатливи“. Годинашната порака на мирот, Папата Франциск ја посвети на потребата за политика која би работела на мирот. Наведувајќи ги доблестите и мааните на политиката. Тој рече дека национализмот е една од заканите за мирот, затоа што ја уништува довербата во глобализираниот свет.
Уште едно загрозување на мирот, рече Папата, е ширењето на насилството над невините и загрозените кои се принудени да ги напуштат своите домови.
„Политичките говори кои тежнеат целата вина да ја префрлат на мигрантите и да ги лишат сиромашните од надеж се неприфатлици. Наместо тоа, потребно е повторно да се афирмира мирот заснован на почитувањето на секоја личност“, рече тој.