Попладнево собраниска седница за Законот за амнестија
Собранието на Македонија попладнево закажа нова седница на која единствена точка е Предлог законот за амнестија за случувањата на 27 април, по скратена постапка.
Според предлогот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестијата ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од Кривичниот законик.
Сите обвинети за насилствата во Собранието на 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решени по мислење на јавното обвинителство, а врз основа на докази со кои располага.
Предлогот го поднесоа група од над 20 пратеници откако беше соопштено дека Интерпартиската парламентарна група за реформи, помирување и интеграција постигнала согласност за законсото решение.