Путин отворен други држави да се приклучат во нуклеарниот договор на САД и Русија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е отворен за идејата за други земји да се приклучат на договорот за наулеарно вооружување за Студената војна меѓу Русија и САД или да се започнат преговори за нов договор.
Зборувајќи денеска, Путин исто така го повторно ги негираше обвинувањата на САД дека Русија го прекршува Договорот за нуклеарни сили на среден дострел, велејќи дека Москва има многу проектили со сличен дострел кои не го прекршуваат договорот.
И покрај тензиите околу плановите на САД за повлекување од билатералниот договор од 1987 година, Путин рече дека Русија има оружје кое треба да направи да размислуваат два пати „оние кои се навикнати на милитаристичка и агресивна реторика.“
Вашингтон претходно соопшти дека ќе се повлече од договорот, доколку Москва не се врати на негово почитување во рок од 60 дена.