Украина планира повторно испраќање бродови во Азовско море
Украина планира повторно испраќање нејзини воени бродови во Азовско море, изјави секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност Олександар Турчинов. Ваквиот потег би можело да доведе до нов судир со Русија. Турчинов за Би Би Си рече дека таквата мисија е неопходна со цел да се спречи Русија да воспостави контрола врз морето. Руското министерство за надворешни работи ваквата изјави ја оцени за провокација. Руската крајбрежна стража на 25 ноември заплени три украински воени бродови и уапси 24 членови на екипажот кога минувале низ теснецот Керч во Азовско море. Киев тврди дека бродовите ги почитувале меѓународните прописи.