ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ вечерва од 19 часот организира протестен марш од седиштето на партијата до зградата на Владата на Република Македонија. Во партиското соопштение со кое ги повикаат граѓаните да им се придружат наведуваат дека Македонијатоне во“црнила на демографски план, црн воздух, зацрнето стопанство, оцрнето здравство, црнила на секое поле во општеството поради неспособноста на СДСМ”.
“Република Македонија е зацрнета и тоа го чувствува секој еден граѓанин, без разлика на неговата верска, етничка, политичка или било каква друга припадност. Ветуваа живот за сите, донесоа црнила за сите. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија кои не се согласуваат нашата држава и понатаму да тоне да ни се придружат на протестниот марш” наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку партијата неколку недели организира протести во Скопје и други градови низ Македонија.