Јапонскиот цар го одбележува последниот роденден пред да абдицира
Јапонскиот цар Акихито го одобележува неговиот последен роденден на престолот пред да абдицира, поздравувајќи го мирољубивиот поствоен пат на земјата и истакнувајќи ја важноста од потсетувањето на младите за милитаризираното минато.
Тој порача дека е важно да не се заборават загубените животи за време на Втората Светска Војна и мирот и просперитетот на Јапонија кој бил изграден врз бројни жртви. 85 годишниот цар најави дека планира да абдицира на 30 април, наредната година со што ќе стави крај на неговото 30 годишно владеење, а ќе го наследи неговиот син, 58 годишниот принц Нарухито.