За 15 години 330.000 Албанци станале државјани на земјите на ЕУ
Од 2002, па до крајот на минатата година, околу 330.000 албански државијани кои живеат надвор од земјата, земале државјанство на некоја од државите членки на Европската Унија, потврди европската статистичка служба Еуростат. Грција и Италија се двете земји кои доделиле најголем број државјанства на албанските емигранти. Околу 150.000 албански граѓани добиле грчко, а околу 148.000 италијанско државјанство. Албанската заедница е втора по бројност во Италија. Според Еуростат, во Италија во 2017 година имало околу 448.000 албански државјани, додека не се наведени податоци за бројот на Албанците што живеат и работат во Грција. На трето место, според издаден државјанства на албански граѓани, е Британија со 11.000, по што следи Германија со 5.700.