Прослава на Нова Година на Елисејските Полиња и покрај најавените протести на „жолтите елеци“
Париз ќе организира прослава на Нова Година на Елисејските Полиња, и покрај најавените собири на „жолтите елеци“. Централната авенија во Париз е место каде што традиционално се дочекува Новата Година, но и место каде што во изминатите недели протестираат „жолтите елеци“, неформална група на Французи кои протестираат против фискалната и социјална политика на владата.
Градските власти за Нова Година најавија „музички и светлосен спектакл“ и огномет.
„Жолтите елеци“ преку Фејсбук најавија нови собири на новогодишната ноќ на Елисејските Полиња за да „ја продолжат мирната борба во празничен дух“.