Романската влада бара смена на главниот обвинител кој ја критикува
Романскиот министер за правда Тудорел Тоадер денеска побара од претседателот Клаус Јоанис да го смени главниот обвинител кој ја обвини владата дека ја попречува борбата против корупцијата. Тоадер рече дека официјално побарал од Јоанис да го разреши главниот обвинител Аугустин Лазар поради лошо управување.
Лазар отворени ја критикуваше реформата во правосудството за која критичарите наведуваат дека ќе ја отежне борбата против корупцијата на високо ниво.
Тудорел денеска рече дека побарал од претседател да ја постави регионалната обвинителка Адина Флореу за главен обвинител за случаите на корупција, иако Јоанис минатиот месец изјави дека таа е дисквалификувана од правни причини.