Рама смени повеќе од половина од министрите
Албанскиот премиер Еди Рама го промени составот на својата влада по студентските протести и критиките од опозицијата за корупција и неефикасноста. Рама денеска смени 8 од 14 министри во владата, меѓу кои и министрите за финансии и за надворешни работи.
Рама, кој е лидер на Социјалистичката партија во земјата, рече дека сменетите министри ќе имаат важна улога на локалните избори во јуни како политички лидери во своите области.
Студентите од државните универзитети ја бојкотираа наставата повеќе од две недели, барајќи намалување на школарините и поголеми буџетски вложувања за високото образование. Опозицијата, пак, ги обвинуваше сменетите министри за корупција и неефикасност.