Донесен Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги
Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги со кои се очекува да се обезбеди транспарентен, независен, ефикасен и отчетен јавен радиоадифузен сервис и транспарентно, независно, ефикасно и отчетно регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизулените медиумски услуги. Најмногу измени на Законот се околу зголемување на надлежноста на Советот на Агенцијата, како и промени во однос на работењето на директотор на Агенцијата.
Измени има во однос на пропишувањето на начинот на избор на членови на Програмскиот совет на МРТ, околу финансирањето, како и за работното искуство на директорот.
Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација истакна дека со Законот медиумските работници ја преземаат работата во медиумите, дополнително со тоа што политиката се отстранува од тој простор. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска наведе дека реформите во медиумскиот простор се дел од препораките на Прибе.
На денешната седница на Собранието, по скратена постапка беа донесени и измените и дополнувањата на Законот за Царинската управа.