Мијалков останува во притвор, барањето некомплетно
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје вечерва соопшти дека во случајот на Специјалното јавно обвинителство именуван Империја имало некоплетна документација за барањето притворот на осомничениот поранешен директор на УБК Сашо Мијалковда се замени со куќен притвор.
“Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја“, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека не е комплетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение”, наведоа од судот.
Апелациониот суд вчера им го укина притворот на другите осомничените во истиот предмет бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделевски и им определи домашен притвор. Иста одлука донесе и за останатите осомничени во случајот.