Косово и Албанија спроведуваат Договор за интегрирано управување со границите
Косово и Албанија започнаа спроведување на Договор за интегрирано управување со границите. Договорот го потпишаа министрите за внатрешни работи на Косово и Албанија, Екрем Мустафа и Сандер Лешај, а присутен беше и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
„Тоа што некогаш било граничен премин на Косово, тоа веќе не постои. Повеќе нема да бидат две, туку само една контрола. Ова ќе биде премин кој нас не спојува“, изјави Харадинај на преминот.
Целта на договорот е да се забрза контролата на границата и да се олесни движењето на граѓаните и стоките.