Вучиќ на опозицијата и понуди избори
Пртетседателот на Србија Александар Вучиќ по синоќешните масовни протести во Белград денеска изјави дека на опозицијата и нуди избори, наведувајќи оти на нив ќе може дапокаже колку е „моќна и силна.“
„Јас им нудам избори. Сметам дека, кога се толку моќни и силни, сакаат избори. Тоа веројатно е природно барање на опозицијата – да сакате избори. Не мислите дека постои друго место каде што луѓето треба да ги бројат своите идеи, планови, програми и сè друго“, рече Вучиќ пред новинарите во Претседателството на Србија.
Тој и порача на опозицијата дека ако сака избори, тогаш ќе ги има.
„Ако сакате избори, ќе има избори. Ако неќете избори, тогаш се е добро. Шетање, протести, тоа е во ред и јас секогаш го поддржувам тоа“, посочи Вучиќ.
Тој додаде дека бројот на учесници во протестите под слоганите „Стоп на крвавите кошули“ и “Еден од пет милиони“ може прецизно да се преброи, но дека тоа не е суштината, туку да видиме што друго се може уште да се направи за Србија, а не непотребно да се троши енергијата на „неважни содржини“, кои не заслужуваат внимание.