Бројот на убиени новинари во 2018 порасна на 94
Бројот на убиства на новинари и медиумски работници повторно е зголемен во 2018 година по падот во претходните шест години, соопшти Меѓународната федерација на новинарите. Во годишниот извештај објавен денеска се наведува дека во 2018 година во светот биле убиени 94 работници во медиумите, 12 повеќе од претходната година. Најмногу новинари и медиумски работници настрадаа во Авганистан каде што имало 16 убиства. Следуваат Мексико со 11, Јемен со 9 и Сирија со 8 убиства во 2018 година.