Времето денеска: претежно облачно со повремен снег
Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен слаб локален снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а вдолж Повардарието ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус два, а дневната од еден до осум степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.