Експлозија на гас во Русија: Четворица загинати, 68 се водат како исчезнати
Најмалку четворица загинале, а 68 се водат како исчезнати по експлозија на гасоводен систем во станбена зграда во рускиот град Магниторск, јужен Урал, објавија новинските агенции, повикувајќи се на руски медиуми.
Во експлозијата целосно бил урнат дел од станбен комплекс со 48 станови. Заменик гувернерот на Чељабинската област, Олег Климов, изјавил дека дел од станарите биле евакуирани во едно училиште, а повредените се хоспитализирани. Според првичните податоци, причина за несреќата е експлозија на гас. На терен излегле над 400 членови на пожарникарски и спасувачки тимови.