Избоден маж во Лондон, уапсени 39 луѓе
Лондонската полиција уапси 39 луѓе во британската престолнина, осомничени за обид за убиство откако еден маж беше избоден со нож во западниот дел на градот, објавија британските медиуми.
Полицијата навела дека нападнатиот маж, кој е на 30-годишна возраст, се здобил со сериозни повреди и дека е во животна опасност. Полицијата информираше дека со дополнителни информации ќе излезе во текот на денот.