Акција на турската полиција против членови на ИД, планирале напади на новогодишната ноќ
Турската полиција спроведе масовна операција против осомничени припадници на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во неколку региони на Турција, објавија светските новински агенции. Во операцијата, чија главнина била во Истанбул и Анкара, се уапсени вкупно 115 лица, под сомневање за членување и врски со ИД.
Според полициски извори, дел од уапсените планирале да извршат терористички напади во текот на новогодишната ноќ. Поголемиот број од уапсените претходно се бореле во редовите на ИД во Сирија или Ирак.