Последен ден за даночна пријава во УЈП, наменските канцеларии затворени
Рокот за регистрација во електронскиот систем на УЈП на сите даночни обврзници истекува денеска. Регионалните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) ќе работат денеска до 16.30 часот, за сите оние граѓани кои досега не ја завршиле оваа задолжителна обврска.
Наменски отворените канцеларии во скопските населби Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска нема да работат, освен канцеларијата во Чаир.
Според УЈП, заклучно со петокот се пријавиле над 620 илјади даночни обврзници. Од оваа обврска се ослободени само пензионерите кои примаат само пензија.