Романија го презема Советот на ЕУ за наредните шест месеци
Романија од први јануари првпат го презема претседателствувањето во Советот на ЕУ. Романското претседателство ќе управува со агендата на ЕУ во наредните шест месеци, кои ќе бидат впрочем и меѓу најтешките, бидејќи во следниот семестар треба да се најде решение за напуштањето на Велика Британија на ЕУ и да се подготват мајските европски парламентарни избори кои можат значајно да ја сменат политиката во Унијата.
Романија последниве месеци, па и година, се соочува со сериозни критики за „уназадување на демократијата“, и е под силен надзор на органите на ЕУ. Во дел од извештаите на Унијата стоеше дека „се чини оти Романија тргнала по патот на нелибералните демократии како Унгарија и Полска“.