Кривичен суд: Уважени жалбите на петмина баратели на амнестија
Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, во Законски утврдениот рок донесе решенија со кои барањата на М.С., А.З., М.Ц. и В.Н. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 како и барањето на А.Ш. опфатен во предметот со К.бр. 1013/18 ги уважи.
Од Основен суд Скопје информираат дека девет други барања кои се однесуваат на седум обвинети лица со решенија од 28.12.2018 година се одбиени како неосновани и доставени до странките. Обвинетите, согласно Законот, имаат право на жалба на решенијата во рок од три дена до повисокиот суд.