Пукајќи петарди во тенџере, дете заврши во штипската болница
Момчето е во добра здравствена состојба.
Екипата на штипската Итна медицинска помош ноќеска имала 40 амбулантски прегледи и 13 домашни посети на пациенти.
Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, регистрирана е и една сообраќајна несреќа во Штип, во која е повредено 12-годишно девојче, хоспитализирано на Одделението за ортопедија.
Во текот на ноќта се регистрирани и неколку нарушувања на јавниот ред и мир, а 20-годишна девојка поради алкохолизирана состојба завршила во штипската болница.