Претставничкиот дом усвои мерки за крај на делумната блокада на владата
Новото демократско мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри две мерки за ставање крај на двонеделното делумно затворање на владата. Сепак, со тоа не се надминува ќор-сокакот околу буџетот, бидејќи претседателот Доналд Трамп најави дека ќе стави вето на овие мерки затоа што со нив не се обезбедуваат пари за ѕидот на границата со Мексико. Сенатот кој е под контрола на републиканците веќе најави дека може и да не гласа за легислативата која мина во Претставничкиот дом. Лидерот на демократското мнозинство во овој Дом Ненси Пелоси цврсто стои на ставот дека нема да има средства за ѕидот на границата со Мексико.