Џим Веб можен нов секретар за одбрана на САД
Весникот „Њујорк тајмс“ известува дека американскиот претседател Доналд Трамп би можело да го наименува поранешниот демократски сенатор Џим Веб за нов секретар за одбрана. Џим Матис во минатиот месец поднесе оставка од таа функција во знак на протест против политиките на Трамп. 72 годишниот Веб беше секретар на морнарицата во времето на републиканскиот претседател Роналд Реган.