75 насто од Французите се незадоволни од Макрон
Новите анкети покажуваат дека три четвртини од Французите не се задоволни од политиките на претседателот Емануел Макрон и на неговата влада. Франција во изминативе два месеца беше зафатена со протести на таканаречените „жолти елеци“ кои почнаа поради незадоволството од зголемениот данок на горивото. 55 насто од испитаниците сметаат дека овие протести би требало да продолжат.