Меркел идната недела во Грција
Германската канцеларка Ангела Меркел на 10 и 11 јануари ќе престојува во Грција, соопшти попладнево Мартина Фиц, заменичка портпаролка на германската влада. Според неа, а како што пренесува грчката агенција АНА-МПА, Меркел ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас по што ќе имаат и заедничка прес конференција, а ќе биде примена и од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос.
Меркел ќе се сретне и со лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис. Прашана дали ќе се разговара и за Договорот од Преспа, Фиц рече дека не знае дали Меркел ќе разговара за тоа прашање во Атина, но додаде дека германската влада го поздравува договорот.
“Сега треба да ја чекаме уставната промена во Скопје и ратификацијата во Атина”, рече Фиц.
Меркел како отворен поддржувач на решението на спорот за името меѓу Македонија и Грција, допатува во Скопје на 8 септември и побара да се излезе на референдумот кој се одржа на 30 септември.