До 15 часот 939 деца примиле вакцина против морбили
Министерството за здравство попладнево соопшти дека до 15 часот вакцинирани се 939 деца со МРП вакцина. Од таму наведуваат и дека во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници) и повторуваат дека МРП вакцина е висококвалитетна и ефективна, а производител е Глаксо Смит Клајн од Белгија.
Вакциналните пунтови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, викендов, на 5 и 6 јануари ќе работат во две смени, во периодот од 07:30 до 19 часот. В понеделник, на 7 јануари овие пунктови ќе работат само прва смена од 07:30 до 13 часот.
Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат децата со МРП вакцина и потсетуваат дека сѐ уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.