Во Шведска изолиран пациент за кој се сомнева дека има ебола
Шведските власти соопштија дека денеска во болница е примен пациент со симптоми на ебола, многу заразно заболување кое го има во Конго. Болницата во градот Успала соопшти дека ги очекува резултатите во текот на денот и дека засега се сомневаат дека се работи за ебола иако постои можност пациентот да има друга болест со слични симптоми. Пациентот, додаваат од болницата, се наоѓа на инфективното одделение, но е изолиран од другите пациенти. Во епидемијата од ебола во источниот дел од Конго починаа 360 луѓе.