Судир на возови во Преторија – тројца загинати, над 200 повредени
Во судир на возови во Преторија денеска загинаа тројца луѓе, а повеќе од 200 се повредени, соопштија властите во Јужна Африка. Спасувачите наведуваат дека еден од повредените е во животна опасност, додека најголем дел од повредените имаат „мали до умерени повреди“.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.