Помпео во ненајавена посета на Ирак
Помпео допатува во Багдад од Аман, каде што вчера ја започна регионалната турнеја. Тој дојде во Ирак две недели по ненајавената посета на претседателот Доналд Трамп на американските војници. Посетата на Трамп на Ирак наиде на критики зашто не се сретнал со ирачките претставници.