Израелските власти одлучни во сузбивањето на полигамијата кај бедуините
Сепак, многумина бедуини гледаат на оваа мерка како начин за намалување на бројот на припадници на бедуинските задници и судско гонење на нивните членови.
Претставничката на израелското Министерство за правда Еми Палмор, која ја предводи кампањата против полигамијата, тврди дека е одлучна во спроведувањето на законот. Таа две години го истражуваше проблемот, разговарајќи со бедуинските активисти за решенијата.
Противниците на кампањата немаат доверба во владата.
„Полигамијата значи повеќе бедуински деца, а тоа значи повеќе демографски проблеми од ционистичка перспектива“, рече адвокатката за човекови права Равија Абурабија.
Бедуините, кои се потомци на номадските племиња, се дел од израелското арапско малцинство од 1,8 милиони луѓе, што е околу една петтина од вкупниот број жители во земјата.
Меѓу 20 и 30 отсто од нов практикуваат полигамија.
Оваа пракса меѓу бедуините има различни облици, од живот со повеќе жени под ист кров, до оставање на претходните сопруги и почнување живот со новите.
Според исламот, еден маж може да има до четири жени. Праксата се разликува меѓу заедниците и големо влијание на неа имаат имотниот статус и образованието.