Димитров: Грција е посветена да ја зaврши работата со Договорот од Преспа
Добив уверување дека грчката влада е посветена да ја заврши работата со Преспанскиот договор, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. До неговиот коментар доаѓа по денешното повлекување на министерот за одбрана Панос Каменос од коалициската влада, и најавата на грчкиот премиер Алексис Циприс дека набргу ќе побара доверба од Парламентот
"Ја слушнав веста. Имав кратка кореподенција со Катругалос и добив уверување дека Грција останува посветена на своите национални интереси, а тоа е да ја заврши работата со Договорот од Преспа" изјави министерот Димитров.
Димитров, по изгласувањето на уставните измени во Собранието во согласнсот од Договорот од Преспа, на прес-конференција во Владата изјави изјави дека еден голем товар од нашите плеќи е тргнат.
"Го решивме нашиот најголем надворешно - политички проблем, и ја заокруживме куќата на нашата државност", изјави Димитров.
Додаде дека сега се отвора патот кон ЕУ и НАТО, и кон поизвесна иднина за државата.
„Ќе има маки, меѓутоа ќе биде многу полесно да се решаат“, рече Димитров.
Одговарајќи на новинарско прашање министерката за одбрана, Радмила Шекеринска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бараат избори, но се молат да не добијат. Таа го повтори ставот на премиерот Заев дека сериозно ќе ја разгледаат таа иницијатива.
Вицепремиерот Бујар Османи, изјави дека ДУИ ќе имаат двојно подобри резултати ако има избори утре, но оти приритет е да се заокружи членството во НАТО.