Каменос: Независни Грци нема да гласаат за доверба на Владата
Ако дадеме глас за доверба на Владата, тоа е како да го поддржуваме Договорот од Преспа, рече претседателот на Независни Грци кој на прес- конференција веднаш по средбата со Алексис Ципрас соопшти дека тие нема да гласаат за поддршка на владата, јави МИА од Атина.
Лидерот на Независни Грци уште еднаш го повтори неговиот став дека тие не можат да поддржат и не се согласуваат со решение што го содржи терминот Македонија, но повторно го спомена и неговиот предлог и во Грција да се одржи референдум, односно како пример рече, заедно со евроизборите да има една гласачка кутија плус за Договорот од Преспа.
Во однос на Договорот од Преспа, Каменос рече дека не е ништо друго освен прелиминарен договор, што е противуставен, бидејќи не е потпишан од претседателот.