Кина: Во несреќа во рудник загинаа 20 рудари
Во експлозијата во рудникот за јаглен во северна Кина загинаа 21 рудари, објавија државните медиуми. Катастрофата се случи денеска во Шенму во провинцијата Шанкси во срцето на појасот за јаглен кој се користи во рударството.
Шеесет и шест рудари беа спасени во несреќата, соопштија градските власти . Бројот на жртви во експлозии и други катастрофи во кинеските рудници за јаглен драстично се намали во текот на изминатата деценија, но оваа индустрија сè уште е најсмртоносна во светот.