Меј: Ја напуштаме ЕУ на 29 март
Меј вели дека не верува дека Владата треба да го прошири членот 50 од Лисабонскиот договор, кој предвидува земјите членки да ја известат ЕУ за нивното повлекување и да ја обврзат Унијата да склучи договор за излегување кој опфаќа пет точки.
Во британскиот парламент, во тек е дискусија за договорот постигнат од страна на Меј со ЕУ за брегзит, додека утре треба да се одржи гласањето за договорот во британскиот парламент. Ако договорот утре не помине, британската премиерка има рок до следниот понеделник да го претстави новиот предлог до Парламентот.