Сугарески: Целта е да го изградиме автопатот Скопје - Блаце пред 2023 година
„Нашата цел е тој да биде изграден побрзо – 2021 година или евентуално почетокот на 2022 година“, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.
Посочи дека до крајот на овој или почетокот на следниот месец ќе биде распишан тендер за првите 1,9 километри и оти е потребно препроектирање на останатиот дел во должина од 10,5 километри бидејќи според проектот изработен во 2002 година трасата влегува во зоната Визбегово и новоформираните гробишта. За оваа фаза е предвидено да се објави тендер следната година.