Франција го поздрави изгласувањето на уставните измени
“Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор. Како што наведе и претседателот на Француската Република, Договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа. Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот,” се вели во изјавата што ја пренесува Амбасадата на Франција во Македонија.