Москва: Преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН
“Ставот на Руската Федерација во врска со проблемот за името на македонската држава останува непромет – одржливо решение мора да биде најдено без надворешен притисок, наметнување рокови и услови од надвор и врз основа на широка јавна поддршка и во Република Македонија и во Грција и исклучително во рамки на законот. Ние сметаме дека ова прашање би требало да биде разгледано од Советот за безбедност на ОН согласно параграфот 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН,” стои во соопштението од руското МНР.