Трамп најави проширување на американската ракетна одбрана
Тој ги спомна зголемените закани од хиперсоничните и крстосувачките проектили со подобрени способности кои Вашингтон треба да ги надмине. Тој рече дека неговиот повик за проширен систем за противракетна одбрана подобро ќе ги заштити САД. Трамп изјави дека новата стратегија ќе вклучува "одбранбен слој на нови технологии, како што се сензори кои би можеле да ги детектираат, следат и уништат пристигнатите непријателски проектили."
Тој рече дека способноста за вселенска одбрана "на крајот ќе биде многу, многу голем дел од американската одбрана ". Шанхах пред Трамп изјави дека конкурентите како Русија и Кина пронаоѓаат нови проектили кои се" се потешки за да се видат , потешко се следат и потешко се победуваат ".